Свет Европа Руското Министерство за одбрана тврди дека соборило три украински дронови

Руското Министерство за одбрана тврди дека соборило три украински дронови

Областа што се наоѓа на неколку милји од Кремљ е позната по своите модерни високи кули. Во една од оштетените згради беа сместени три руски владини министерства, како и станбени станови

(Фото: Gennady Grachev/Flickr)

Руското Министерство за одбрана соопшти дека рано утрово соборило три украински дронови кои наводно се обидувале да ја нападнат Москва, пренесе Ројтерс.

Притоа никој не бил повреден. Сергеј Собјанин, московскиот градоначалник кажал дека имало само мали оштетувања на фасадата на две деловни згради во деловниот кварт Москва Сити.

Областа што се наоѓа на неколку милји од Кремљ е позната по своите модерни високи кули. Во една од оштетените згради беа сместени три руски владини министерства, како и станбени станови.