Свет Европа Руските санкции ги раскараа земјите-членки на ЕУ

Руските санкции ги раскараа земјите-членки на ЕУ

Европската унија успеа да ги продолжи санкциите кон Руисија и да издејствува единство на сите 28 земји-членки на заедницата, но прашање е колку долго ќе трае тоа, пишува „Вашингтон пост“.

Санкциите, кои се продолжени до јули следната година, предизвикуваат незадоволство кај одредени европски земји, како Италија и Франција, кои одамна ги одржуваат врските со Русија, вклучувајќи ја и сферата на енергетиката.

Италијанскиот премиер Матео Ренци пред гласањето изјавил дека смета дека санкциите против Руската Федерација се политика на двојни стандарди и изрази незадоволство поради притисокот на Германија врз другите земји во врска со антируските мерки.

Тој, исто така, додаде дека Германија притоа учествува во заеднички проекти со Русија.

Сега Европската унија е во тешка ситуација поради приливот на бегалци од Сирија и европските земји тежнеат да воспостават партнерски односи со Москва, за со заеднички напори да ја решат сириската криза, пишува „Вашингтон пост“.