Свет Европа Руски конвој тргна кон Украина

Руски конвој тргна кон Украина

Конвојот пренедува 1.000 тона хуманитарна помош

Уште еден конвој со хуманитарна помош за граѓаните од Источна Украина тргна од Ногинск, соопшти претставник на руското Министерство за итни случаи.

Околу 60 камиони, утринава тргнаа од московскиот регион, носејќи конзервирана храна, шеќер, стакло и материјали за поправка на покривите, соопшто заменик-шефот на Националниот ценар за управување со кризни ситуации Олег Воронов.

Рускиот заменик министер за итни ситуации Владимир Степанов на почетокот од неделава соопшти дека осмиот конвој ќе испорача 1.000 тони хуманитарна помош.

Од средината на август до средината на септември, Русија испрати седум конвои со 8.000 тона хуманитарна помош за Донецк и за Луганск, на истокот на Украина.