Свет Европа Руски хакери го нападнаа сајтот на бугарското разузнавање

Руски хакери го нападнаа сајтот на бугарското разузнавање

Фото: Markus Spiske on Unsplash

Руската хакерска група „Килнет“ ја нападна веб-страницата на бугарската Државна разузнавачка агенција (ДАР), јавува Дневник.бг. Самите руски хакери на Телеграм објавија за хакерскиот напад, којшто го потврдија и бугарските власти. Нападот се случил вчера попладне и по повод одбележување на 5 ноември, Денот на военото разузнавање. Станува збор DDoS напад, каде што се генерира премногу сообраќај што ја блокира целната локација.

Бугарските власти потврдија дека веб-страницата на ДАР била блокирана на само неколку минути и немало преземање на податоци. Сајтот на бугарското разузнавање моментално функционира нормално.

„Килнет“ објавија дека хакерската акција била насочена кон разузнавачките служби на повеќе земји – Бугарија, Романија, Естонија, Полска и Молдавија.

Во средината на октомври годинава, истата хакерска група од Русија ги нападна веб-страниците на 14 државни институции во Бугарија, вклучително министерствата и претседателството.