Свет Руската морнарица нападна позиции на ИД во Палмира

Руската морнарица нападна позиции на ИД во Палмира

Руската морнарица ги погодила сите мети на Исламска држава во древниот сириски град Палмира, соопшти денеска руското министерство за одбрана.

Фрегатата „Адмирал Есен“ и подморницата „Краснодар“ истрелале четири крстосувачки проектили од источниот Медитеран врз позиции на ИД, а нивната воена опрема и луѓе се префрлени од Рака, упориштето на милитантите во Северна Сирија, стои во соопштението на министерството.

Во соопштението, исто така, се нагласува дека Русија ги известила американските, турските и израелските воени сили за ракетните напади пред да ги изврши.