Свет Европа Русија: Уапсени 31 терорист

Русија: Уапсени 31 терорист

Триесет и еден приврзаник на меѓународната терористичка организација Хизб ут Тахрир ал ислами се уапсени, соопштија руските безбедносни служби.

Хизб ут Тахрир ал ислами, која Русија во 2003 година ја прогласи за терористичка организација, е меѓународна религиозно-политичка организација, која се обидува да ги урне неисламските влади и да ги насочи муслиманите кон „правилен исламски начин на живот“.