Свет Европа Русија со закон се заштити од пресудите на меѓународните судови

Русија со закон се заштити од пресудите на меѓународните судови

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон кој му овозможува на рускиот Уставен суд да одлучи дали ќе примени или не пресуда на меѓународниот суд за човекови права.

Законот, кој денеска е објавен на владината интернет-страница, му овозможува на највисокиот руски суд да ги отфрла пресудите на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур ако оцени дека се неуставни.

„Хјуман рајтс воч“ соопшти дека законот е осмислен за жртвите, чии човекови права се прекршени во Русија, да побараат правда пред меѓународните судови.

Законот е усвоен откако судот во Стразбур пресуди дека Русија мора да плати 1,9 милијарди евра на акционерите на нафтената компанија „Јукос“, чиј сопственик беше Михал Хордорковски. Пресудата претставува силен финансиски притисок врз Москва која веќе има значителен пад на приходите поради падот на цената на нафтата и санкциите од Западот.

Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур во 2014 година прими 218 туржи против Русија и во 122 случаи потврди дека Москва ја прекршила европската конвенција за човекови права.