Свет Русија распоредила воена полиција во безбедносната зона во Сирија

Русија распоредила воена полиција во безбедносната зона во Сирија

Рускиот генералштаб денеска соопшти дека руска воена полиција е распоредена во источните предградија на Дамаск за да го надгледува прекинот на огнот во „сигурносната зона“.

Генералот Сергеј Рудској денеска изјави дека Русија поставила два контролни пункта и четири набљудувачки станици во регионот Источна Гута.

Тоа е една од четирите „сигурни зони“ од планот кој во мај го усвоија Русија и Иран, кои го поддржуваат сирискиот претседател Башар ел Асад, и Турција, која е покровител на бунтовниците.

Според рускиот план, сириското воздухопловство ги запира летовите над означените подрачја над Сирија.
Руското министерство за одбрана минатата недела соопшти дека сириската влада и опозицијата постигнале договор за гранични зони, неколку дена по бомбардирањето и воздушните удари во тоа подрачје.