Свет Свет Русија најави десетчасовно хуманитарно примирје во Алепо

Русија најави десетчасовно хуманитарно примирје во Алепо

Владимир Путин најави десетчасовно хуманитарно примирје во Алепо, објави министерството за одбрана на Русија. Во сирискиот град моментно траат најжестоките воени дејства во граѓанската војна во Сирија. Прекинот на огнот, според најавите, треба да биде во петок од 9 до 19 часот, соопшти началникот на рускиот генералштаб, Валериј Герасимов. Тој додаде дека одлуката за примирје била потврдена и од сириските власти, а целта е да се спречи бесмисленото страдање така што на цивилите и на вооружените борци на сириската влада ќе им се овозможи да го напуштат источниот дел на Алепо.

Герасимов истакна дека за оваа цел ќе бидат поставени осум коридори, шест за цивили и два за борците. Бунтовниците во петокот извршија масовен напад за да ја спречат опсадата на Алепо, а оваа недела борците на сириската влада одговорија жестоко на отпорот.