Свет Европа Русија може да распореди нуклеарно оружје на Крим

Русија може да распореди нуклеарно оружје на Крим

Министерството за надворешни работи на Русија издаде соопштение во кое се наведува дека „Русија има право да распореди нуклеарно вооружување долж целата својата територија, вклучувајќи го и Крим“.

– Русија очигледно има право на распоредување нуклеарно оружје на својата територија, а тоа ја вклучува и опцијата за стационирање нуклеарен арсенал на Крим, доколку за тоа има потреба – изјави директорот на секторот за прашање за неширење и за контрола на вооружувањето при руското Министерство за надворешни работи, Михаил Уљанов.

Уљанов додаде дека американскиот ракетен штит претставува главна точка на сопнување во односите меѓу САД и Русија и дека разговорите за нуклеарно разоружување меѓу двете земји „не изгледаат позитивно“.

– Ќе потврдам по којзнае кој пат. Нам ни треба доказ дека тој систем не е вперен кон Русија. Досега сме добиле само усни потврди, но никаде тоа не го гледаме на хартија – вели Уљанов.