Свет Свет Русија ќе испрати воздухопловни сили во Сирија

Русија ќе испрати воздухопловни сили во Сирија

Горниот дом на рускиот Парламент денеска со 162 гласа „за“ го одобри барањето на рускиот претседател Владимир Путин за употреба на вооружените сили на Русија во Сирија, соопшти шефот на претседателската администрација, Сергеј Иванов.

Русија, на барање на сирискиот претседател Башар ал Асад, ќе испрати воздухопловни сили во Сирија за борба против Исламска држава.

Иванов истакна дека операцијата на руското воздухопловство е со ограничена временска рамка, но не откри каков вид оружје ќе користат.