Економија Русија ќе ѝ понуди на Украина попуст за гасот

Русија ќе ѝ понуди на Украина попуст за гасот

Русија е подготвена следната година напролет да ѝ понуди на Украина попуст за природниот гас, соопшти рускиот министер за енергетика, Александер Новак, додавајќи дека официјален Киев засега не побарал ценовни олеснувања.

– Договорот со претходните услови стапува на сила од 1 април – изјави Новак, додавајќи дека Русија е подготвена да понуди попуст доколку тоа е потребно.

Директорот на украинската државна компанија за нафта и за гас „Нафтогас“, Андрил Коболев, на 12 декември изјави дека неговата компанија планира да купи природен гас во првиот квартал на 2015 година по цена помала од 340 долари за 1.000 кубни метри.