Свет Европа Русија ќе го ублажува ембаргото кон Унгарија, Грција и кон Кипар

Русија ќе го ублажува ембаргото кон Унгарија, Грција и кон Кипар

Москва е подготвена да го ублажи ембаргото за увоз на прехранбени производи од Унгарија, Грција и од Кипар, под услов овие земји да не го поддржат продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија.

Инспекторите на Федералната ветеринарна и фитосанитарна инспекција на Русија посетиле 37 претпријатија од овие земји и заклучиле дека нивните производи се прифатливи за рускиот пазар.

– Ветеринарните власти на овие три земји нè замолија да направиме инспекција затоа што сакаат да бидат подготвени во случај да ги укинеме или модифицираме контрасанкциите – рече помошник-директорот на руската фитосанитарна инспекција, Алексеј Алексејенко.

Компензацијата што ЕУ ја исплаќа на произведувачите кои претрпеле загуби поради воведувањето на руското ембарго покрива најмногу една третина од изгубениот профит. Затоа производителите од трите земји се подготвени да извезуваат во Русија по конкурентни цени – пониски од претходно.