Свет Европа Русија ја зајакнува воената база во Ерменија

Русија ја зајакнува воената база во Ерменија

Руското министерство за одбрана соопшти дека испраќа шест јуришни и транспортни хеликоптери во воздушната база Еребуни, во близина на ерменската престолнина Јереван.

Хеликоптери „ми-24“ и „ми-8“ се префрлени од воената база Краснодар на југот на Русија.

На почетокот од декември Русија испрати седум хеликоптери во базата во Ерменија, која е еден од клучните регионални сојузници на Москва.