Свет Европа Русија ѝ се заканува со тужба на Франција

Русија ѝ се заканува со тужба на Франција

Русија би можела да поднесе тужба против Франција во наредните шест месеци поради неиспорачувањето на носачот на хеликоптери „Мистрал“, соопшти денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојуг.

– Ако договорот не биде испочитуван, ќе биде поднесена тужба – рече Шојуг, додавајќи дека Русија побарала од Франција официјално објаснување за неиспорачувањето на „Мистрал“ според спогодбата од 2011 година.

Пред два дена, неименуван претставник на Федералниот завод на Русија за воено-техничка соработка соопшти дека официјална Москва побарала писмено објаснување од властите во Париз и оти од тоа зависи дали Русија ќе оди на суд или ќе ѝ даде уште време на Франција.