Свет Европа Русија и Белорусија почнуваат заедничка воена вежба

Русија и Белорусија почнуваат заедничка воена вежба

Во Русија и во Белорусија почнуваат воените вежби „Запад 2017“, во кои ќе учествуваат повеќе од 12.000 војници, соопшти руското министерство за одбрана.

Во вежбите ќе учествуваат околу 12.700 војници, односно 7.200 белоруски и 5.500 руски војници, од кои 3.000 ќе бидат стационирани во Белорусија.

„Главна цел е да се подобри соработката на воениот персонал, да се хармонизира водењето на војската и да им се овозможи на командантите да ги вежбаат своите вештини во планирање настани и во водење трупи врз основа на искуствата од современите конфликти“, велат од руското министерство.