Свет Европа Русија го стопира проекот „Турски тек“

Русија го стопира проекот „Турски тек“

Русија го запре проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, соопшти рускиот министер за енергетика, Александар Новак.

– Преговорите за „Турски тек“ се прекинати. Продолжуваат преговорите за изградба на нуклеарна електроцентрала во Турција – рече рускиот министер.

Новак истакна дека нема потреба да се намалува производството на нафта и оти не се очекува членките на ОПЕК да ги изменат квотите на утрешната средба во Виена.