Свет Русија ги засили нападите врз Исламска држава

Русија ги засили нападите врз Исламска држава

Руски борбени авиони во текот на ноќта извршиле 20 летови и нападнале 10 објекти на Исламска држава во градот Ал Табка.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионите од видот „су-34“ ги нападнале тренинг-центарот на џихадистите и нивното складиште за муниција.

– Резултат на тоа е голема експлозија во складиштето, а центарот за обука е целосно уништен – наведе портпаролот Игор Конашенков.

Руски авиони, исто така, го нападнаа и кампот на Исламска држава во Идилб, каде што е уништен погонот за производство на екслозиви.

– Авион од типот „су-25“ го бомбардираше кампот на терористите, каде е уништено нивното засолниште, додека „су-24м“ и „су-34“ ги бомбардираа објектите на Исламска држава во близина на градот Џиср ал Шугур, во провинцијата Идлиб – додаде Конашенков.