Македонија Романската обвинителка Лаура Ковеси се сретна со Катица Јанева

Романската обвинителка Лаура Ковеси се сретна со Катица Јанева

Главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија, Лаура Кодрута Ковеси, денеска се сретна со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Во текот на денешниот ден, во посета на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите беше главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија – Лаура Кодрута Ковеси. На средбата беше разговарано за повеќе теми од интерес на работењето на ова јавно обвинителство, а воедно беа разменети искуства од аспект на соочување со предизвиците во борбата против корупцијата на високо ниво и со тешкотиите со кои се соочуваат институциите при ваквата борба“, се вели во соопштението од СЈО.