Македонија Рокот за дебата за прописите на ЕНЕР ќе се зголеми за 20...

Рокот за дебата за прописите на ЕНЕР ќе се зголеми за 20 дена

Владата на последната седница одлучи рокот за консултации за прописите објавени на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) пред нивното донесување се зголеми од 10 на 20 дена,министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Со оваа одлука на Владата се придонесува за поголема транспарентност, отвореност, навременост и одговорност при подготовката на предлог-законите од страна на Владата. Зголемувањето на рокот за консултации има за цел да поттикне поголемо учество на пошироката јавност и граѓаните при подготовка на прописите. На тој начин креаторите на политиките ќе носат одлуки засновани на аргументи и во консултација со сите засегнати страни. Со оваа одлука се придонесува и кон тоа најголемиот дел од предлог законите, пред да се достават на разгледување во владина постапка, задолжително да се објавуваат на ЕНЕР. Тука, во период од 20 дена јавните корисници ќе може да ги испраќаат своите коментари и на тој начин да се вклучат во креирањето на новите предлог закони преку дискусија и давање предлози, со цел квалитативно да влијаат врз донесувањето на новите законски решенија – објасни Манчевски.