Македонија Родилка од Крива Паланка починала во болница во Куманово

Родилка од Крива Паланка починала во болница во Куманово

Вчера попладнето поради сè уште неутврдени причини, во кумановската Општа болница починала трудницата С.Демирова (37) од Крива Паланка, веднаш по породувањето.

Според полицијата, родилката починала на пат кон Скопје откако поради компликации при породување со царски рез била пратена за скопските клиники. Случајот во полиција бил пријавен во 20.35 часот.

Од болницата велат дека со официјален став ќе излезат по обдукцијата, која ќе биде извршена во текот на денешниот ден.