Забава Ретки цртежи на стрип-јунакот Тинтин продадени за 1,2 милиони долари

Ретки цртежи на стрип-јунакот Тинтин продадени за 1,2 милиони долари

Ретки цртежи на стрип-јунакот Тинтин, дело на белгискиот автор Ерже, биле продадени на аукција во Хонг Конг за 9,6 милиони хонгконгшки долари, односно за 1,2 милиони американски долари, пренесува „Би-Би-Си“.

Цртежите на белгискиот стрип-автор се од неговата книга „Синиот лотус“, чие дејство е сместено во кинескиот град Шангај.

Од француската аукциска куќа „Арткуриал“ (Artcurial) изјавиле дека станува збор за единствен оригинален примерок од книгата на Ерже, кој е во приватна сопственост, а цртежите ги купил анонимен колекционер од Азија.

„Синиот лотус“ од експертите се смета за ремек-дело на Ерже, ја цитира „Би-Би-Си“ изјавата на експертот за стрипови на аукциската куќа, Ерик Лирој.

Инаку, обвивката од изданието „Тинтин во Америка“, илустрирана од Ерже во 1932 година, во мај беше продадена на аукција во Париз, за рекордни 1,3 милиони евра.