Култура Реставрирана Спомен-куќата на Страшо Пинџур

Реставрирана Спомен-куќата на Страшо Пинџур

Целосно е рекоструирана Спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур, која се наоѓа во кавадаречкото село Ваташа. Реновирана е покривната конструкција, фасадата и поставена е нова ограда. Исто така, куќата е надополнета со нови 40 фотографии кои говорат за делото на Страшо Пинџур.
– Заедно со локалната самоуправа, издвоивме средства да се реновира и реставрира Спомен-куќата на Страшо Пинџур, која што е заштитена со закон како споменик на културата. Целта беше да се задржи автентичниот изглед на самата куќа, така што целосната реставрација и реновирање имаа неколку делови – рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Најголем дел од финансиските средства се обезбедени од Општина Кавадарци, а еден дел од финансиите ги обезбедило Министерството за култура.