Македонија „Република“: Шилегов изнесе груби лаги и невистини

„Република“: Шилегов изнесе груби лаги и невистини

Неделникот „Република“ ги демантираше информациите што денеска беа изнесени од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Во врска со обвинувањата од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, изнесени во изјава за медиуми, а во врска со, наводно, приходи од Владата на Македонија, „Прва Република“ д.о.о.е.л. Скопје најостро реагира и ги демантира ваквите тврдења. Шилегов изнесе груби лаги и невистини за непостојни приходи, кои беа искористени во конотација да се наруши угледот и имиџот на медиумот. За изнесените невистини од страна на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, „Прва Република“ ќе поднесе соодветна пријава пред надлежните органи“, стои во соопштението од неделникот.