Свет Европа Ренци: ЕУ ќе ги преиспита санкциите кон Русија

Ренци: ЕУ ќе ги преиспита санкциите кон Русија

Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска соопшти дека Европа и другите западни земји веројатно ќе ги преиспитаат санкциите против Русија во наредните месеци.

– Јасно е дека имаме ист став како целата меѓународна заедница, но сметам дека овој пакет санкции ќе биде преиспитан, не во наредните часови, туку во наредните месеци – рече Ренци во интревју за италијанско радио.

Италија го спречи автоматското продолжување на санкциите на ЕУ против Москва, кои беа воведени по анексијата на Крим и поддршката на проруските бунтовници на истокот на Украина.

Се очекува европските лидери да го разгледаат ова прашање на утрешниот состанок во Брисел.