Македонија Ременски: Заводот за рехабилитација на деца и младинци работи во лоши услови

Ременски: Заводот за рехабилитација на деца и младинци работи во лоши услови

Денеска, по повод одбележувањето на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, беше во ненајавена посета на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле. Таа по посетата изјави дека заводот работи во лоши услови, со што се потврдиле поплаките од граѓани кои имаат свои блиски во заводот.

Ременски изјави дека условите се далеку од она што на корисниците треба да им го обезбеди држава која себеси се декларира како социјална.

Министерката рече дека исто така било утврдено дека дел од корисниците имаат потреба од лекарска помош, а дел воопшто не би требало да бидат сместени во Заводот за рехабилитација на деца и младинци.

„Направена е погрешна проценка од страна на стручните служби и дел од корисниците воопшто не би требало да бидат сместени во заводот, а други, пак имаат потреба од лекарска помош“, посочи Ременски.