Македонија Ременски најави кривична пријава против Диме Спасов

Ременски најави кривична пријава против Диме Спасов

Министерката за труд и социјална политика од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, објави дека ќе поднесе кривична пријава за несовесно работење на поранешниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Ременски го обвинува својот заменик дека иако имал обврска, не одлучувал по жалбите на повеќе од 1.400 граѓани корисници на социјална парична помош.

– Спасов правото по закон да одлучува по жалби го пренел на лице на пробна работа во Министерството за труд и социјална политика што воопшто по закон нема право да учествува во решавање на предмети во управна постапка – рече Ременски.

Освен Спасов, Ременски ќе ја тужи и поранешната пратеничка Сузана Андонова, службеничка на пробна работа во министерството, која одлучувала по жалбите.