Економија Рекорден пад на еврото во однос на доларот

Рекорден пад на еврото во однос на доларот

Еврото падна на деветгодишен минимум во однос на американскиот долар, а цената на европската нафта „брент“ за кратко денеска падна под 50 долари за еден барел што е за првпат од 2009 година.

Еврото изутринава во Европа се разменуваше за 1,1842 долари.

Забавувањето на глобалниот пораст и зголемувањето на понудата на нафта и на гас ги намали цените во последниве недели. Најпогодени се производителите на нафта како Русија.