Македонија Река му врачил на Заев писмо со честитка од Рама

Река му врачил на Заев писмо со честитка од Рама

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, со кого разговарал за евроатлантската иднина на регионот и за добрососедските односи.

– Министрите во новата влада на Македонија работат заеднички и мотивирано на евроатлантските интеграции на Република Македонија и на обезбедувањето квалитетен живот за сите граѓани. Како влада, насочени сме силно кон изградба на демократска Република Македонија, едно општество за сите граѓани, со отворени перспективи кон стратешките цели на државата, Европската унија и НАТО – изјавил Заев.

Како што соопштуваат од премиерскиот кабинет, Заев на средбата соопштил дека владата е силно насочена и кон економски развој на државата, преку голема државна поддршка на домашните мали и средни претпријатија, како и овозможување услови за реални и квалитетни странски инвестиции.

Амбасадорот Река му врачил на премиерот Заев писмо од албанскиот премиер Еди Рама, во кое тој му го честита изборот за претседател на Владата на Република Македонија и ја нагласил поддршката од Република Албанија за членство на Република Македонија во НАТО.