Здравје Регистриран 21 нов случај на ковид-19 и 89 оздравени пациенти

Регистриран 21 нов случај на ковид-19 и 89 оздравени пациенти

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Од направени 893 тестови, во послото деноноќие се регистрирани 21 нов случај на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, или нешто повеќе од 2 отсто од тестираните се позитивни. Најголем дел од новите случаи се од Скопје – 15, од Битола – 3 и од Кавадарци, Кичево и Виница по 1.

Истовремено, се регистрирани 89 оздравени пациенти: од Скопје – 53, Битола – 16, Прилеп – 6, Велес – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Штип – 2, Кичево и Тетово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од Прилеп (72г), починато во болнички услови.

Најголем дел од направените 893 тестови биле брзи тестови, вкупно 552, информираат од Министерството за здравство.

Како што додаваат оттаму, од почетокот на пандемијата до сега се регистрирани вкупно 309.229 инфекции, а како последица на болеста починаа 9.277 лица. Бројот на активни случаи изнесува 561.