Македонија Регистарските таблички со ознака „МК“ треба да бидат заменети најдоцна до февруари...

Регистарските таблички со ознака „МК“ треба да бидат заменети најдоцна до февруари догодина

Фото: Архива на Мета.мк

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека сите сопственици на возила – граѓани и правни субјекти, имаат обврска заклучно со 12 февруари 2024 година да извршат промена на регистарските таблички со онака „МК“ со ознаката „NMK“.

МВР потсетува на Законот за возила, согласно кој сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици што ја содржат буквената ознака „МК“ и кои може да се употребуваат најдоцна до 12 февруари догодина.

„Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година“, велат од МВР.