Дописници Регионален форум за идентификување проблеми во Охрид

Регионален форум за идентификување проблеми во Охрид

Во организација на „Цивика мобилитас“, денеска во Охрид почна Регионалниот форум за соработка, под мотото „Твој простор, твој глас“.

Граѓани и граѓански организации дискутираат за управување со отпадот, за заштитата на охридското крајбрежје, за учество на младите во носењето политики и за нивната невработеност, за прогласување на Јабланица за национлен парк, за миграциите и слично.

Даниела Стојанова, национален проект-координатор, вели дека целта на овој форум е осмислување и идентификување идеи, кои граѓаните или здруженијата заеднички ќе можат да ги развиваат во меѓусебна соработка.

– Учесниците, претставници на граѓанските организации и граѓани од југозападниот регион, ќе ги посочат проблемите со кои се соочуваат и ќе се обидат да осмислат начин како да си помогнат и како да ги реализираат замислените проекти во иднина – додава Стојанова.

Ова е трет форум од ваков тип што го организира „Цивика мобилитас“. Претходно вакви форуми се одржаа во Скопје и во Куманово.