Хроника Референт во ФПИОМ во Гостивар осомничен за измама и за злоупотреба

Референт во ФПИОМ во Гостивар осомничен за измама и за злоупотреба

Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против Д.М. (32) од селото Симница, вработен како референт во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Гостивар, кој е осомничен за измама и за злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што информираат од полицијата, осомничениот во периодот од јули 2014 до јануари 2015 година, како референт во Фондот, на Џ.С.(21) и на нејзината мајка им ветил дека ќе им овозможи да добијат семејна пензија, а за услугата му биле дадени 800 евра.

Откако не го исполнил ветувањето, случајот бил пријавен во тетовската полиција.