Економија Ребалансот на буџетот, најдоцна до октомври

Ребалансот на буџетот, најдоцна до октомври

Фото: Архива на Мета

Ребалансот на буџетот ќе се оствари најдоцна до октомври, изјави денеска заменик-министерката за финансии Ширет Елези.

Таа додаде дека службите се во подготовка на анализа на реализацијата на сите проекти без разлика дали се тековни или капитални во делот на податоците што ги црпат од Трезорот.

Според нејзе, наплатата на даноците и општите приходи во првата половина од годинава е зголемена за 6,6 отсто, односно дека се реализирани 96,2 милијарди денари од планираните 210 милијарди.