Економија Ребаланс: Помалку пари за капитални инвестиции, повеќе за плати

Ребаланс: Помалку пари за капитални инвестиции, повеќе за плати

Намалување на вкупните приходи за три милијарди денари и зголемување на дефицитот од 2,1 милијарди денари се предвидува во предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година.

Сумата предвидена за капитални инвестиции се намалува од предвидените 412 милиони евра на 366,9 милиони евра.

Од друга страна, пак, предвидено е зголемување на средствата за плати и за надоместоци од 423 милиони евра на 431 милион евра, како и на средствата за социјални трансфери од  1,427 милијарди евра на 1,454 милијарди евра.

Владата во петокот вечерта на седница го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година, кој веднаш беше доставен до Собранието.

Министерот за финансии, Кирил Миноски, на прес-конференција образложи дека ребалансот се должи на промена на проекцијата за пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 4 проценти на 2,3 проценти.