Спорт Реал Мадрид ги претстави новите дресови

Реал Мадрид ги претстави новите дресови

Реал Мадрид денеска ги претстави дресовите во кои ќе настапува во сезоната 2015/16.

На прв поглед не се воочува голема разлика од дресовите со кои фудбалерите на Реал настапуваа во неодамна завршената сезона.

Единствената промена во однос на минатата сезона е во бојата на третата гарнитура, која беше со розова боја, а идната сезона е во сива нијанса.