Македонија Разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски добитници на државната награда „Мето Јовановски“

Разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски добитници на државната награда „Мето Јовановски“

Фото: Фејсбук

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, разузнавачите кои го открија незаконското прислушкување, се овогодишни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, соопшти Министерството за култура.

Наградата „Мето Јовановски“ која претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права за 2021 година ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2021 година на свеченост во Собранието.

Лазаревски и Костовски од Управата за безбедност и контраразузнавање ги извадија аудио записите со „бомбите“ и му ги предадоа на ексдиректорот на УБК Зоран Верушевски. Тие беа уапсени во февруари 2015 година, како обвинети во случајот „Пуч“, веднаш откако тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев почна да ги објавува „бомбите“.

Кон крајот на февруари оваа година на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му беше досудена затворска казна од 12 години во случајот Таргет-Тврдина кој се однесува на незаконското прислушување на 20.000 граѓани од 2008 до 2015 година во време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ. А, на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска судот ѝ пресуди казна затвор од 4 години. Заедно со останатите обвинети добија вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор.