Свет Балкан Разрешени 291 вработен во турската морнарицата

Разрешени 291 вработен во турската морнарицата

Турското министерство за одбрана привремено суспендира 168 офицери и 123 подофицери од морнарицата, поради сомневање дека се поврзани со обидот за државен удар, извршен 15 јули.

Како што јавуваат турските медиуми, министерство за одбрана им додели откази на 15 офицери и на четворица подофицери од флотата.

По неуспешниот обидот за преврат, турските власти им доделија откази или суспендираа повеќе од 110.000 судии, наставници, полицајци и државни службеници, а повеќе од 36.000 лица се уапсени.