Хроника Разбојници нападнале и ограбиле мигрант од Сирија

Разбојници нападнале и ограбиле мигрант од Сирија

Дваесет и шестгодишен Сириец, илегален мигрант, вчера вечер бил нападнат и ограбен од двајца разбојници на улица во Неготино.

Според полициските информации, вчера, околу 20 часот, било пријавено дека две непознати лица физички го нападнале М.А. (26) од Сирија, му одзеле 1.600 евра и побегнале од местото.

Момчето со возило на итна медицинска помош било пренесено во медицинскиот центар во Неготино, каде лекарите констатирале телесни повреди, но го задржале во болницата заради следење на неговата здравствена состојба.

Полицијата трага по разбојниците.