Македонија Се зголемува бојот на заразени од жолтица

Се зголемува бојот на заразени од жолтица

Деветнаесет нови случаи на жолтица се регистрирани во општина Шуто Оризари, јавува порталот „Здравство 24“. Станува збор за три семејства, едно седумчлено и две шестчлени семејства.

Минатата недела, според податоците на скопскиот центар за јавно здравје, се регистрирани 10 нови случаи, а исто толкав број се хоспитализирани и на Клиниката за инфективни болести.

Од јули годинава досега се регистрирани 417 случаи на жолтица, од кои 183 се од Шуто Оризари. Најголем број од заразените се на возраст од седум до 14 години, но епидемиолозите тврдат дека училиштата не се извор на зараза.