Македонија Работните групи за медиумите денеска продолжуваат со работа

Работните групи за медиумите денеска продолжуваат со работа

Денеска во Клубот на пратеници продолжуваат преговорите на политичките партии за реформите во медиумите што треба да се направат во согласност со Договорот од Пржино.

Се очекува политичките партии да договорат нов состав за советот на Агенцијата за медиуми, да се промени раководството на МРТВ, како и тоа на МИА, со што овие тела би се ослободиле од влијанието на партијата на власт, а веројатно една од жешките теми ќе биде и забраната за политичко рекламирање.