Македонија Работните групи одморени почнаа нови средби за ДИК

Работните групи одморени почнаа нови средби за ДИК

По паузата за летни одмори, работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, пред малку повторно седнаа за заедничка маса.

Како што се дознава, тема на денешните разговори ќе биде Државната изборна комисија и Изборниот закон.

Претставници од СДСМ се Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, а од ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, додека ДПА –  Имер Алиу.

На средбата присуствува и белгискиот олеснувал Питер ван Хојте.

Засега не се знае колку ќе трае средбата, ниту дали по завршувањето ќе има изјави за медиумите.