Македонија Работните групи на УКИМ и МОН ќе се сретнат во 17 часот

Работните групи на УКИМ и МОН ќе се сретнат во 17 часот

Средбата помеѓу работните групи за новиот Закон за високо образование составени од членови на УКИМ и МОН на која треба да присуствуваат и членови на „Студентски пленум“, најверојатно ќе се одржи во 17 часот, неофицијално дознава агенцијата „Мета“.

Се уште не се знае дали средбата ќе биде отворена за медиумите, каде таа ќе се одржи и кој се ќе присуствува на неа.