Хроника Работник паднал од осми кат и починал

Работник паднал од осми кат и починал

Bо скопската населба Аеродром, на улицата Пандил Шишков, во близина на поликлиниката „Јане Сандански“, денеска околу 14 часот загина 36-годишниот Иле Ѓ., кој работел на изградба на зграда.

Тој починал откако паднал од осми кат. Од полицијата е извршен увид и телото е дадено на обдукција.

Полицијата по настанот ја информирала и трудовата инспекција, која треба да утврди дали, сега починатиот, Иле Ѓ. ја поседувал потребната заштитна опрема.