Свет Свет Путин: Санкциите кон Русија се противправни

Путин: Санкциите кон Русија се противправни

Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека земјите што воведоа санкции кон Москва ќе сфатат дека тие им нанесуваат штета на меѓународните економски односи.

– Ова е штетно и секако дека ни нанесува штета и нам, но и на САД, затоа што со тоа се поткопува целокупниот систем на меѓународните економски односи – изјави Путин во интервју за новинската агенција ИТЕР-ТАСС.

Рускиот претседател, исто така, изрази надеж дека санкциите „ќе останат во минатото“.

– Се надевам дека, на крајот, ќе преовлада разумот, а минатото ќе биде минато – рече Путин.

Според Путин, санкциите кои се воведени кон Русија се „спротивни на принципите на Г20 и не само со нејзините принципи, туку и со меѓународното право, затоа што можат да бидат воведени само преку Советот за безбедност на ОН“.