Свет Свет Путин: Руската војска наскоро ќе добие интерконтинентални ракети

Путин: Руската војска наскоро ќе добие интерконтинентални ракети

„Годинава 40 интерконтинентални проектили од нова генерација ќе влезат во состав на вооружувањето. Тие се во состојба да ги пробијат најсовршените системи за противракетна одбрана“, рече Путин на отворањето на меѓународниот форум „Армија-2015“, објави „Руска реч“.

Путин најави дека во наредните неколку месеци ќе биде извршено тестирање на радар со долг радиус, што треба да го потврди владата и дека идниот изглед на руските вооружени сили во голема мера ќе биде определен од примероците на борбените роботи и на системите за контрола.

„Опремувањето на војската со најсовремена опрема е клучната задача во изградбата на нашиот одбранбен капацитет. Ние секогаш обрнувавме внимание на спроведувањето на големите државни програми за вооружување и за модернизација на нашиот одбранбено-индустриски комплекс, што ќе го правиме и во иднина“, додаде тој.