Свет Европа Путин: Русија може за неколку часа да се врати во Сирија

Путин: Русија може за неколку часа да се врати во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека мисијата на неговата земја во Сирија претставува значаен успех, но нагласи дека Русија ќе продолжи да ја поддржува сириската влада и оти може повторно да воспостави силно воено присуство во регионот и тоа во рок од неколку часа, доколку тоа е потребно.

– Главната мисија во Сирија беше да се спречи од таа земја да доаѓаат терористи во Русија – рече Путин.

Говорејќи во Кремљ, на церемонијата на доделување на орден за војниците што служеа во Сирија, Путин рече дека руското повлекување од Сирија е објавено со согласност од претседателот Башар ал Асад.

– Доколку е нужно, буквално во рок од неколку часа, Русија може да го зајакне својот контингент во регионот – рече Путин.