Свет Путин: Рано е да се каже дали Русија ќе му даде азил...

Путин: Рано е да се каже дали Русија ќе му даде азил на Асад

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е прерано да се зборува за давање политички азил на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Во денеска објавеното продолжение на интервјуто за „Билд“, Путин истакна дека се залага за уставни реформи во Сирија.

Доколку следните избори бидат демократски, „Асад нема да мора да оди никаде“, дури и да не победи, смета Путин.

Русија во септември почна воздушни напади на позициите на Исламска држава во Сирија, во знак на поддршка на војската на Асад.