Свет Путин повикува на формирање глобална коалиција против корупцијата

Путин повикува на формирање глобална коалиција против корупцијата

Сите земји треба да се обединат во борбата против корупцијата, оцени рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тоа е еден од најголемите глобални проблеми.

„Корупцијата ги дестабилизира националните економии, ги крши човековите права, ги поткопува принципите на правосудството, предизвикува тензии во општеството“, рече Путин, во поздравната порака до учесниците на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, која ја прочита Сергеј Иванов, шеф на кабинетот во Кремљ.

Во пораката Путин истакна дека само со заеднички сили може да се соочиме со оваа опасност, со која се борат сите земји во светот.