Свет Европа Путин постхумно го одликуваше Чуркин

Путин постхумно го одликуваше Чуркин

Рускиот претседател Владимир Путин постхумно го одликуваше Виталиј Чуркин, амбасадор на Русија во Обединетите нации, со „Орден на храброста“ поради неговата „несебичност, цврстина и голем професионализам“.

Во соопштението што Кремљ доцна синоќа го објави, Путин рекол дека смртта на Чуркин е ненадоместлива загуба за руската надворешна политика.

Чуркин ненадејно почина синоќа во Њујорк. За амбасадор во ОН беше поставен во 2008 година.